Македонија продолжува да паѓа на Индексот за успешност на странските инвестиции, рангирање што го врши угледниот британски „Фајненшл тајмс.“

Според методолигијата што ја употребува весникот за мерење на успешноста и рангирањето потребно е конкретната земја да остварила 10 странски директни инвестиции од претходната година. Тоа не е случај со Македонија, која од тие причини не е ниту рангирана меѓу 50-те најуспешни земји на листата за 2020 година.

Ваквото рангирање само го констатира назадувањето на земјава во овој економски аспект, регистриран и во претходната година. Македонија ја нема на листата на 50 земји на ранг листата на „Фајненшл тајмс“ ниту во рангирањето за 2019 година.

Ваквиот развој на состојбата е драстична промена од само неколку години претходни. Така, во 2016 година според индексот за успешност на странските инвестиции „Фајненшл тајмс“ ја рангира Македонија на високото трето место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.