Со СДСМ на чело Македонија со 7 пати помалку инвестиции од Србија, и 10% помалку од Косово, а државата последна во регионот по прилив на СДИ, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со 244 милиони евра прилив на СДИ за првата половина од 2021 година, земјава е на дното во регионот. Србија во истиот период привлекла инвестиции од над 1.7 милијарди евра, Албанија над 460 милиони, Косово близу 280 милиони евра. Македонија е убедливо најслаба по привлечени СДИ, а пред само неколку години беше на врвот на листите во Европа и светот. Се повеќе инвеститори ја заобиколуваат земјата, а причинител за тоа е големата корупција, која ја нотираше и Транспаренси интернешенал, но и претставниците на американските компании, за што пишуваше и во Извештајот на Стејт Департментот. Со Заев и со неговите луѓе на власт не може да биде поинаку, Македонија ќе тоне. Затоа е потребна брза промена на власта, а тоа е можно само преку брзи предвремени парламентарни избори, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.