Во денешната последна тв-дебата помеѓу претседателските кандидати, проф. Гордана Силјановска Давкова посочи дека во оваа влада на СДСМ има министри кои не одат на работа, а земаат плата.

Морам да посочам Македонија е мултикултурно општество, да поделено општество, поделбите никогаш не биле подлабоки сега не се само интеретнички туку се и интраетнички. Зошто? Зошто неефикасниот политичкиот лепак, демократскиот лепак е владеење на правото. А, не пазарите помеѓу партиските елити. Ние и денеска имаме министри во Владата кои не одеа на работа, тоа ни се одрази со месеци, додаде Силјановска.

Силјановска дури посочи дека само граѓанскиот концепт со почитување на колективните права согласно меѓународните документи гарантира европска и демократска држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.