Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, информира дека заклучно со 1 април, 133 работодавчи кои земале државна помош за плата, се уште не ја имаат исплатено на своите работници за по некој месец.

Станува збор за 110 работодавачи кои не исплатиле плата за еден месец, 18 за два месеци и три за три месеци. Преземeни сe сите мреки врз основа на Законот за даночна постапка и во делот на спроведување на присилна наплата. Заедно со Државниот инспекторат за труд направивме контроли, секој во својот домен на работење, а сега почнуваме контроли за оние што направија злоупотреби во месец декември – изјави Лукаревска на денешната прес конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.