Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.11/2019 за долгови доспеани до 31.07.2019 и неплатени до 31.10.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.11/2019 објавени се 2.020 должници – правни лица (повеќе за 25 од претходната листа) и 2.539 физички лица (повеќе за 19 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.11/2019 изнесува 10.129.716.081 денари, повеќе за 15.032.646 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.969.945.359 денари (помалку за 3.066.767денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 159.770.722 денари (повеќе за 18.099.413 денари од претходната листа).

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.