Поголема група гостиварци вечерва одржа протестен марш незадоволни од одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за зголемувањето на цената на електричната енергија за 7,4 проценти. Маршот го организираше навивачката група „Кастриоти“.

Целта на протестот е да се истакнат нивните барања: да се повлече одлуката за зголемување на цената на електричната енергија, да се намали цената до 20 проценти, да се укине монополот на услугите на ЕВН, да се распушти Регулаторната комисија за енергетика и да се создаде независен арбитражен трибунал во служба на граѓаните кој ќе го проверува квалитетот на услугите од областа на енергетиката.

Со транспаренти за намалување напишани на албански јазик, знамиња на Република Албанија и скандирање повеќе стотина граѓани поминаа од Центарот за култура до градскиот плоштад.

Егзон Азизи од навивачката група „Кастриоти“, кој го предводеше маршот посочи доколку не се исполнат нивните барања од четири точки, протестите ќе бидат радикализирани.

Бараме овие четири услови да бидат прифатени што е можно поскоро, во спротивно нашите протести ќе бидат масовни и радикализирани сè до реализацијата на нашите барања, рече Азизи во обраќањето ги повика граѓаните да разотидат мирно и да не стојат во група заради условите наметнати од пандемијата.

Протестот кој траеше петнаесетина минути помина без инциденти и под надзор на полициски службеници со почитување на растојание и носење на маски. На протестот беше и градоначалникот Арбен Таравари кој нагласи дека е дојден како граѓанин, а не како политичар.

Следниот протест е најавен кон средината на идната недела, а протестирачите дадоа рок од две недели за реализација на нивните барања.

Вакви и силни протести вечерва имаше и во Тетово, скопски Чаир, Куманово и Дебар.

Во Дебар протестот против поскапувањето се одржа попладнево во организација на навивачката група „Соколат“ на фудбалскиот клуб „Кораб“, подржани и од други граѓански организации.

Поголем број дебрани се собраа пред наплатниот пункт на ЕВН кој се наоѓа во центарот на градот.

Пред насобраните, претсавникот на организаторот, Адрит Фетаху, прочита четири барања, меѓу кои и барањето да се поништи одлуката на Регулаторната комисија за поскапување на цената на електрината енергија.

Бараме да се поништи монополот на услугите на ЕВН и да се подобри нивното некоректно однесување кон потрошувачите и секако да се распушти Регулаторната комисија, тело што им служи на интересите на деловните групи и корпорациите на штета на многу тешката економска ситуација на граѓаните, рече Фетаху.

Четвртото барање беше да се формра независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги.

Граѓанте со кои рзговаравме категорчни беа во барањето да се поништи одлуката за поскапување на струјата, посебно сега „кога дебрани а и жителите од другите краеви на земјата се погодени од паднемијата со Ковид-19“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.