Колективниот договор за државната администрација помина на денешната владина седница, а во него, меѓу другото е предвидена исплата на К-15.

Ова е прв грански колективен договор за административните службеници и правосудните органи по 1995 година, со кој администрацијата се стекнува и со дневници за трошоците за превоз и трошоците за ноќевање за службени патувања, а се утврдува и правото на денови на платено отсуство заради лични и семејни околности до седум работни дена во годината, правото на неплатено отсуство, како и други права.

Како што информираат од владината прес- служба, колективниот договор ќе биде потпишан со репрезентативниот синдикат УПОЗ, а од страна на Владата ќе го потпише министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.