До каде е финансиската поддршка за занаетчиите,вршители на самостојна дејност?
Каде се парите за самостојните вршители на дејност?
Се уште не се исплатени платите за трговец поединец. Кога?

Ова се само дел од многуте коментари под видеото објавено од страна на директорката на УЈП, Сања Лукаревска со кое сакаше да се пофали, за како што рече, успешно реализираната мерка за финансиската поддршка за исплата на плати за месец април 2020 година.


Се чини задоволството од мерките е само кај вадините претставници, но не и кај граѓаните. Тие се жалат дека два месеци се без плата, прашуваат што е со таа половина плата која требаше да ја добијат граѓаните доколку останале без работа во периодот на вонредната ситуацијапоради Ковид 19.

📄Успешно ја реализираме Мерката за финансиската поддршка за исплата на плати за месец април 2020 година.
📌Од 1 јуни…

Posted by Сања Лукаревска on Thursday, May 28, 2020

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.