Храната и пијалаците во Македонија се најевтини во Европа, а најскапи се во Швајцарија, покажува статистиката на Евростат.

Нашите граѓани купуваат најевтина храна, безалкохолни пијалаци и тутун од сите 37 држави на европско тло. За основните потреби, плус цигари, на македонскиот граѓанин му се потребни само 61 отсто од средствата на ЕУ просекот. Доколку една потрошувачка кошничка со овие производи во европска земја би чинела 100 евра како средна вредност, во Македонија истата би била речиси половина поевтина. На второ место е Романија, чиишто граѓани можат да купуваат храна, безалкохолни пијалаци и тутун за 65 отсто од просекот, а потоа следуваат Полска и Турција.

Убедливо на врвот, како најскапи држави се Швајцарија (163 отсто), Норвешка (157 отсто) и Исланд (140 отсто).

Од земјите во регионот, БиХ (76 отсто), Србија (78 отсто) и Бугарија (78 отсто) се блиску до дното, но сепак на нивните граѓани им требаат далеку повеќе средства за задоволување на прехранбените потреби.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.