Претседателот на Стопанската комора на северно-западна Македонија, Неби Хоџа на новинарско прашање: Колку се реални и изводливи инвестициите во патишта од 500 милиони евра кој што ги најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски каде што се знае дека во годината каде што нема избори максималната реализација е 370 милиони евра и за ветувањето на осум процентниот рамен данок, вели сето тоа е изводливо.

Барањата од бизнис секторот од минатата власт беа рамниот данок да се продолжи бидејќи прогресивниот данок се покажа како неефикасен и го вратија рамниот данок, меѓутоа исто така со рамен данок од 8 проценти компаниите би имале поголема можност да плаќаат како квантитет повеќе, а би имале можност да заработуваат повеќе и да имаат подобар бизнис биланс во нивните компании. Така да мислиме дека се изводливи, нормално ако се бориме сите против сивата економија, која што во регионот уште е во голема мера и ние како Стопанска комора секогаш во наша стратешка цел е да се сузбие и сите да бидеме во системот лојални еден со друг – вели Хоџа.

Тој додава дека во иднина би имале и поголем обрт на средства и би имале можност многу капитални инвестиции да бидат изводливи.

Мицкоски денеска преку својот статус на Фејсбук потенцираше дека додека СДСМ и Заев прават криминален бум, ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана кон економски и инфраструктурен бум.

-Додека Заев и СДСМ прават криминален бум, ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана кон економски и инфраструктурен бум.

Додека штабот за кризи на СДСМ создава лажни вести, штабот за проекти на ВМРО-ДПМНЕ се обврза на:

✅Нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола;

✅Нов асфалт за сите регионални патишта во државата;

✅2 милијарди евра инвестиции во патишта;

✅Нов експресен пат од Куманово до Крива Паланка;

✅Нов експресен пат од Битола до Грчка граница;

✅Нов експресен пат од Струмица до Бугарија;

И многу други проекти кои ќе донесат раст на градежништвото за 30%, што ќе значи 30% повеќе работа за компаниите, 30% повеќе приходи, повеќе пари, повеќе за секого.

#ОбноватаДоаѓа, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.