Нема зголемување на економските слободи во Македонија. Според индексот што секоја година го објавува реномираната фондација Херитиџ, главните пречки во земјава и понатаму се неефикасното судство и пренатрупаната јавна администрација.

Македонската економија е делумно слободна, но е подобра во однос на земјите од регионот. Во најновиот извештај на фондацијата „Херитиџ“, рангирана на 41то место… Вкупниот резултат е намален за 0,9 поени, во споредба со минатата година, што според фондацијата се должи на „падот на слободата на трговијата.“ детекирани се и слабости во: судството, јавната администрација, но и висок степен на корупција.

За да се сврти курсот кон поголема економска слобода, првиот приоритет на Владата треба да биде реформа во судството, скапиот и надуен јавен сектор и други државни институции. Уставот воспостави независно судство, но тоа страда од непотребна извршна контрола. Потребното финансирање на судовите придонесува за долго и скапо решавање на трговските спорови. Корупцијата останува сериозен проблем. , нотира Херетиџ.

Меѓудругото се вели дека да се започне бизнис сега, чини многу повеќе и вклучува повеќе процедури. Државните субвенции во земјоделството го зголемиле буџетскиот дефицит и го направиле земјоделството помалку ефикасно. Сепак финансискиот систем се развива, а банкарскиот сектор е стабилен.

Херетиџ земјите ги оценува според владеењето на правото, регулаторната ефикасност и отвореност на пазарот. Според фондацијата најголеми економски слободи има во Сингапур, Нов Зеланд, Австралија, а најмали во Куба, Венецуела и Северна Кореја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.