Заменик-министерот за здравство, Илир Хасани смета дека треба да има дополнително олеснување на мерките за организирање на прослави во затворен простор.

– Треба да ги ставиме сите аргументи на маса и да донесеме одлука за олеснување на мерките, што не значи дека сите мерки за собирање во затворен простор ќе се укинат, но сепак да биде контролирана форма на ублажување на мерките. Ние само кажуваме свадби, а собири во затворени простории може да имаат и многу други форми“, посочува Хасани во изјава за ТВ 21.

На денешната трибина, „Вакцинација и предизвици со ковид-19“, министерот Венко Филипче посочи дека има барања да се дозволат свадби и во затворен простор.

Според него имало голем притисок од младенците и нивните семејства да организираат свадбени прослави и во затворен простор со почитување на протоколите.

-Денес и утре ќе се разгледаат барањата. Поделено е мислењето кај епидемиолозите, вели Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.