Поскапувањето на електричната енергија засега не се најавува во јавноста поради локалните избори и треба на клучните позиции во државата да се постават постручни луѓе за справување со вакви ситуации, смета поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини во „Студио 10“ на ТВ 24.

Ќе влечеме струја и натаму, се релативизираат работите во некои медиуми и се прави лажен оптимизам кај читателите. Видовте дека имаше тепање за мала компанија, па замислете како може да ескалира ситуацијата по изборите. Треба да се увезе јаглен и мазут, јаглен нема објективно, џабе зборуваат, а увозниот е скап, ситуацијата излезе дека е безизлезна. А никој не смее да зуцне до тој ден на изборите, рече Хајредини.

Тој забележува дека поранешниот заменик на владата, Кочо Анѓушев беше увозник на струја и тоа не е без влијание.

Според него, уште пред 20 години била укажано кога ќе дојде до недостиг на јаглен во резервите на РЕК Битола.

Немаме јаглен за да работат со полн капацитет. Нашиот јаглен е скап за ископување, а природно немаме големи лежишта на јаглен. Спомнувањето во тендери за увоз на јаглен од Русија се чисти глупости. Нискокалоричниот јаглен не се транспортира затоа што не е рентабилен. Тоа е неостварливо затоа што немаме ни возови до централите. Не е исплатливо, посочува Хајредини.

Според податоците, Македонија има инсталирано капацитет 1512 мегавати, од кои 1000 се термоцентрали, а 500 се хидроцентрали.

До 1990 Македонија изградила 1400 мегавати, а од тоа, само 400 се изградени последните 30 години, а се претходно е изградено во Југославија во 70тите и 80-тите години. За овие 1000 термоцентрали е потребен јаглен или мазут. Овој податок не е доволен да се добие јасна слика за битни елементи. Хидроцентралите може да имаат 500 инсталиран капацитет, а количината на производството зависи од водата. Сега дојдовме во тешка ситуација, а јавноста не била запознаена дека термонцентралите Битола и Осломеј се изградени на лежиште на јаглен, а јагленот има одредени резерви. Ова ништо не е очекувано и сега доаѓаме во ситуација кога би имало јаглен и вода да се задоволат потрошувачките потреби. Последните 10 години откако се либерализираше пазарот, тука била ориентацијата на увоз на струја и не се размислувало дека ќе има криза во светот, вели Хајредини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.