Политичкиот аналитичар и поранешен министер, Џевдет Хајредини, ја коментира изјавата на Зоран Заев дека избори ќе има во редовниот термин во 2024 година.

Премиерот Зоран Заев вели дека парламентарното мнозинство е стабилно и изборите ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година, а дотогаш владата ќе се посветела на силен развој на економијата.

 

П.С.
Па, и до сега викавте дека сте биле посветени на силен, забрзан и интензивен развој на економијата. Исто викаше и Никола Груевски.

 

Посилна, позабрзана и поинтензивна во Македомија треба да биде борбата против криминалот и корупцијата.

 

Без тоа нема ни економија.
Сè друго е веќе виден популизам и демагогија – коментира Хајредини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.