Поради алчноста и неспособноста на Заев ни претстои енергетска криза, да се формира кризен штаб за брзи решенија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Заев и власта неконтролирано трошеа од хидроцентралите за да покажат профит во изминатата година, а сега езерата се на минимум.

Термоелектраните немаат јаглен. А немаат затоа што власта само брка тендери, а не се грижи за механизацијата во РЕК.

Директорот на МЕПСО кажа дека во изминатиов месец државата трошела дупло повеќе струја отколку што произведувала. 1/3 од струјата која недостасувала буквално е преземана од евроспкиот заеднички систем.

Како последица на таквото преземање и самиот директор на МЕПСО кажа дека само за еден месец претпријатието ќе треба да исплати 15 милиони евра кон странство, што е половина од парите кои се како добивка на МЕПСО на годишно ниво, со што ќе биде загрозена ликвидноста на МЕПСО.

Власта е неспсобна да се справи со енергетската криза, и треба да си замине, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.