Граѓаните чии сметки за електрична енергија не соодветствуваат со реалната потрошувачка, и истите не се корегирани од ЕВН, можат да поднесат претставка до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги која има надлежност да постапува во овие случаи, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија.

Граѓаните можат самостојно да извршат отчитување на броилото на електрична енергија и состојбата да ја пријават соодветно преку интернет платформата на ЕВН. Доколку добиената сметката отстапува од реалната состојба што ја прикажува броилото, компанијата е должна да изврши корекција на месечната сметка за потрошена електрична енергија. Во случај да не бидат корегирани податоците и сметката ако отстапува од реалната потрошувачката на електрична енергија во висока и ниска тарифа потрошувачите можат да се обратат до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги која ќе посредува со цел да добијат сметка во која ќе биде фактурирана потрошената електрична енергија – изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од РКЕ посочуваат дека поради вонредната состојба, а почитувајќи ги препораките на Министерството за здравство и Владата на Република Македонија за заштита од ширење на коронавирусот, дел од компаниите врз кои имаат надлежност ги дигитализрале услугите со цел да се заштити здравјето на граѓаните и да се намали физичкиот контакт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.