Граѓаните од економските политики на СДСМ добија само раст на даноците.

Поради економските политики на СДСМ над 60.000 граѓани ги изгубија своите работни места.

СДСМ не презеде соодветни мерки за да се заштитат работните места на граѓаните.

Над 6.200 фирми се затворија, а над 500.000 граѓани преживуваат дневно со едвај стотина денари.

А, според најавите на НБРМ Македонија има зголемена инфлација, тоа значи зголемување на цените на производите, покачување на цените на енергенсите.

И во период кога бизнис секторот е оптоварен со катастрофални економски политики, во период кога граѓаните живеат се потешко и потешко, СДСМ најавува зголемување на даноците.

За жал трендот на антипазарна и антиделовна политика на оваа Влада продолжува.

Граѓаните откако СДСМ е на власт не можат да видат ниту една реализирана крупна капитална инвестиција, додека севкупната реализација на капитални инвестиции е на рекордно ниско ниво.

Заев и СДСМ најавуваа економски бум, но граѓаните добија сиромаштија и презадолженост на државата.

Долгот на државата во овие четири години порасна за 2 милијарди и 800 милиони евра, или на 63% од БДП, а инфлацијата за оваа година, од предвидените 1,5 на НБРМ се зголеми на 3%.

И додека блиските до Заев енормно се богатат, на сметка на тоа граѓаните секој ден стануваат се посиромашни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.