„Не може во време на војна компаниите да прават исти профити како претходно, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши вечерва во емисијата „Вин Вин“.

Министерот вели дека по денешните состаноци со трговците на големо и на мало, производители на основните прехрамбени производи, пазарниот инспекторат и Царинската управа, и по сите анализи заклучиле дека основните прехрамбени прозиводи имаат различни маржи кај различни трговци.

Трговците бараат за одредени производи маржата да биде 5 осто, а за други 10 отсто. Тоа значи дека ако одреден прозизвод во супермаркет чини 100 денари, максиум да може да биде продаден за 110 денари во друг маркет. За различни чинители тие трошоци секако се различни. Ние мислиме дека ваквите трошоци можат да бидат укинати. Тоа може да се движи од 5 до 20, па за некои производи и до 25 осто, вели министерот Бектеши, кој е радосен дека трговците даваат предлози во Министерството.

Бектеши ги повика граѓаните да пријават во Државниот пазарен инспекторат ако забележат големо зголемување на цените на одредени производи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.