Да се вратат укинатите ДУП-ови и општините да ги почитуваат роковите бара градежната комора. Оттаму велат дека бизнисот страда поради тоа што роковите се одолговлекуваат и до 5 пати. Велат дека реализацијата од страна на општините е на минимум. Бараат и општина Центар да го тргне мораториумот за градба.

Со новиот Закон за легализација на дивоградби геодетските компании ќе добијат нов фронт. Иако треба да се донесе нов тарифник за изготвување геодетски елаборати, од комората на геодети не очекуваат зголемување на цените.

Министерот Сугарески рече дека реализацијата на капиталните инвестиции во Министерството за транспорт е одлична, што е директно врзано со работата на градежните компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.