Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите, повисоки цени на бензините и дизелот.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, како и зголемената акциза за дизелот во согласност со новите закони, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 3.36%.

Цените на бензините се зголемуваат по 2.00 денари. ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по цена од 73.00 денари, додека ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 75.00 денари.

Цената на дизелот се зголемува за значителни 3.50 денари. Еден литар ЕУРОДИЗЕЛ од вечерва ќе чини 63.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.