Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 од утре ќе изнесува 59,50 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 61,50 денари за 1 литар. Ова денеска го одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги која донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,26 %. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво од 53 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денар/литар и ќе изнесува 53,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,155 ден/кг и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,060 ден/кг.

Од утре максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 59,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 61,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 26,060 (денари/килограм)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.