Со жалење можеме да констатираме дека со оваа Влада на СДСМ и Зоран Заев, Источна Македонија, кога станува збор за проекти и дела е буквално ставена на црна листа. Ништо не е предвидено за Источна Македонија исто како што ништо од Владата не е предвидено да се прави и работи во Скопје за да се покрие тоталната неспособност, дебакл и фијасно на градоначалникот Петре Шилегов, изјави Влатко Ѓорчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ништо не е предвидено ниту да се работи во Западна Македонија во делот на Гостивар кој што исто така е ставен на црна листа во Тетово и тетовско одбиени се нашите амандмани за Дебар и дебарско. Одбиени се нашите амандмани за Пелагонија, за Битола и битолскот крај, за Прилеп и прилепскиот крај. Одбиение се нашите амандмани за Повардарието и за цела низа општини во тој дел, рече Ѓорчев и додаде:

„Уште еднаш со жалење можам да констатирам дека во наредната 2019 година кога оваа Влада ќе потроши најмногу пари и најмногу средства исцедени од граѓаните на Република Македонија во историјата, ништо нема да се направи, ниту во Источна Македонија, ниту во Скопје каде што го имаме најлошиот градоначалник во историјата на Скопје, Петре Шилегов. Огромни средства се трошат, нашите амандмани се одбиваат, а станува збор за издржани проекти поддржани од граѓаните, а во исто време целата економија е во надолна линија и не се реалзиираат проекти“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.