Ги затвори ли Владата скијачките центри во Македонија, со цел да ја шитне за евтини пари туристичкиот скијачки центар „Попова Шапка“, кој премиерот Зоран Заев најави дека ќе го продава!?

За да го наполни исторски најголемиот државен буџет, на вака слабата економија, премиерот Заев најави нови задолжувања и продажба на државен имот. Меѓу државниот имот кој ќе се продава се најде и скијачкиот центар Попова Шапка.

Прв од владините преставници кои ја најавија продажбата на Попова Шапка беше министерот за економија, Крешник Бектеши. Тој изјави дека освен Шапка, хотелските објекти кои се во сопственост на „Елем турс“ ќе бидат понудени за директна приватизација.

„Пред кризата ние веќе сме ги завршиле подготовките и физибилити-студиите за ‘Попова Шапка’, но и за сите туристички објекти кои се во сопственост на „Елем турс“, изјави на 16 ноември министерот Бектеши.
Истиот ден вечерта во телевизиско гостување, овие информации ги потврди и премиерот, Зоран Заев, кој рече дека има интерес за продавање на дел од државните компании и тие во кои државата е доминантен сосптвеник, меѓу кои и “Попова Шапка“.

На затворањето на скијачките центри ширум Македонија, кога скоро сите сектори работат, реагираа и самите скијачки центри, но граѓански организации.

Ски-центрите низ Македонија сметаат дека е апсурно да нема скијање и зимски туризам во текот на престојната сезона, кога истовремено ризикот за заболување од Ковид-19, велат од таму е минимален.
Од „Ресорт Маврово“, долгогодишен лидер во зимскиот туризам во земјава, тврдат дека ако одлуката на Владата е финална, тоа практично ќе значи целосно пропадната сезона.

„За жал, ако одлуката на Влада е финална, тоа би значело дека оваа година нема да има скијачка сезона и нема да работат жичарниците, рестораните, хотелите.“, кои се надеваат дека Владата ќе донесе нови протоколи и препораки со кои ќе овозможи да работат сите скијачки центри во Македонија.

„Ваквата надеж ја темелиме на фактот што најлесно се почитуваат сите мерки за заштита од Ковид 19 токму на скијалиштата. Затоа што сите скијачи се со ракавици, маски, заштитни капи – кациги. Токму скиите не им дозволуваат скијачите да скијат блиску еден до друг.“, велат од ресорот.

После ваквите сите тврдења на заинтересираните страни дека скијањето е еден од најбезбедните активности од ширење и зараза од корона вирусот и кога, буквално се останато работи, се поставува прашањето: Дали власта намерно не ги пуштат скијачките туристички центри во Македонија, кои воглавно се во државна сопсвеност, со цел тие да книжат загуби, за после тоа, како загубари, да ги шитне по далеку пониска цена од нивната вистинска вредност!?

Извор: Курир

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.