Инспектори на Државнот пазарен инспекторат прават детални проверки кај неколку големи компании увозници на јужно овошје по огромниот скок на цената на лимоните.

Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат, објасни дека за проверките ќе им треба повеќе време оти се споредуваат увозните цени, маржите и залихите кај компаниите увозници, а истовремено се прават контроли и кај малите трговци.

Директорот Пауновски вели дека лимоните е очекувано да бидат поскапи, но не онолку колку што беа пред да се воведе владината мерка за ограничување на маржата.

За лимоните откако излезе одлуката за најголема маржа за јужно овошје утврдивме дека 4-5 големи компании намерно имаат шпекулативен однос кон пазарот. Не го појавуваат овошјето со цел цената да се зголеми. Контролите кај големите трговци ќе потраат. Треба да ги видиме залихите, што набавувале по 11. 03за што бараме документи од Царината. Инспекторите одат и во книговодството на компаниите, да видат колку им била маржата од 01.01 до 11.03, од таа маржа поголема не смеат да пресметуваат на овошјето од увоз по 11.03. Има намерно прикажување на недостаток, сигурно преку инспекцискиот совет ќе известиме и за тоа. Лимоните ќе бидат поскапи, но не со овие цени со 50 посто разлика. Ако маржата пред овој датум била 20 – 25 посто ќе мора да ја вратат – рече директорот Пауновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.