Генералниот секретаријат на Владата испрати реакција на писмото од Транспаренси интернешнл Македонија (ТИМ), во кое се посочува дека Владата постапува спротивно на закон во врска со барања за пристап до информации од јавен карактер.

Владата ја информира јавноста дека тие наводи се неосновани.

Во врска со барањето кое ТИМ го достави на 13 јуни 2018 година, Генералниот секретар на Владата, како надлежно лице, донесе решение со кое се одбива барањето, апсолутно почитувајќи ги законските одредби. Испочитувани се сите одредби согласно Законот и е постапено согласно истите, со што е утврдено дека барањето на ТИМ се одбива, бидејќи издавањето на бараната информација, претставува информација стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка, чие давање би имало штетни последици за текот на постапката, стои во реакцијата на Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.