„Зарем долг стар повеќе од 12 години се плаќа воопшто? Доброволно да, ама присилно никако. Зарем институтот на застареност никому ништо не значи?“, велат преку соопштение од ГДУ.

„Законот за облигациони односи утврдува рок на застареност од една година за сметки за електрична енергија испорачана за потребите на нашите домаќинства (член 367 од ЗОО).

Општиот рок на застареност кој никако не може да се промени (освен во нова законодавна постапка за донесување на нов или измени и дополнувања на Законот за облигациони односи) е 5 години (член 360 од ЗОО). Ако помине двојно повеќе време од законски предвиденото настапува апсолутниот рок на застареност што ништо не може да го собори. Единствено е потребно должникот (граѓаните) да се повикаат на застареност“, се вели во нивното соопштение.

Самиот долг, велат од ГДУ, за кој зборува премиерот е постар од 10 години и е за периодот кога уште беше Електростопанство на Македонија.

„Значи сака од народни, буџетски пари да исплати застарено побарување на странска компанија? Владата, преку својот прв човек, премиерот најави нова социјална мерка, отпис на долг за неплатена електрична енергија. Со ова ќе им се помогне на 200.000 граѓани и семејства да се спасат од долговите и постапките кои се водат за нивна присилна наплата пред извршителите. Бројот на граѓаните во ова група ни малку не е наивен туку се движи околу 1/10 од нашиот народ. Мерка за секое поздравување, НО…Граѓанско Демократската Унија-ГДУ нема ништо против од решенија на Владата во сферата на социјалното помагање, но дали ова е таква мерка или нешто друго?“, прашуваат од Граѓанско Демократската Унија преку соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.