Мафијашкото трио од Струмица Заев – Китанов – Андреевски го цеди буџетот на општина Струмица и на граѓаните на Република Македонија од 2011 година до денес, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение испратено до медиумите.

Според опозициската партија, Митко Андреевски преку својата фирма Си-ен-џи системс добил тендери за набавка на гас во општина Струмица од над 215 милиони и 250 илјади денари, односно над 3.5 милиони евра.

Митко Андреевски ја почнува својата соработка со Струмица гас, ЈП формирано од општина Струмица во 2011 година, кога со неа управува Зоран Заев, како градоначалник, а директор на претпријатието е Зоран Китанов, сегашен директор на ЈП Државни патишта. Тие во 2011 година му овозможиле на Андреевски бизнис од 153 милиони и 750 илјади денари, односно над 2.5 милиони евра. Со овој договор Зоран Заев ја оштетил општинската каса со набавка на гас по цена од 24 денари, кога истиот во тоа време од АД ЕЛЕМ за потребите на Скопје бил набавуван за 13 денари, доколку се претпостави дека и АД ЕЛЕМ на сумата од 13 денари имала профит, тогаш доаѓаме до заклучок дека струмичани плаќале 2 пати поскап гас од остатокот од светот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Струмичани платиле една набавка на гас, како да платиле две,, па нејасно е каде завршила разликата од 11 денари.

Омилениот тендераш на Заев успешната соработка ја продолжува, и во 2018 година фирмата на Андреевски склучува нов договор со Струмица гас, во висина од 63 милиони и 720 илјади денари, односно над 1 милион евра. Со цел испорака на гас во период од 2018 – 2020 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.