Стопанската комора на Македонија по реализирани интензивни контакти со компаниите, со претставниците на власта и со економските експерти изминатата недела презеде неколку активности, меѓу кои и е формиран Кризен штаб. Штабот ја следи состојбата 24 часа и ќе ги информира компаниите за сè. Тоа значи дека Комората ќе работи во вонредни околности со засилено темпо и функционирање на сите нејзини служби.

Според претседателот на Стопанската Комора Бранко Азески има три причини за формирањето на кризниот штаб.

Прво, од сите разговори, сосема ми е јасно дека здравствено-економската криза ќе потрае најмалку уште неколку месеци, за што имав консултации и со нашите пријатели во Европа, меѓу најголемите светски производители и структури во Коморскиот инвестициски форум. Второ, сосема е јасно дека Владата, која посветено работи на решавање на кризата, во најголем дел е потпрена на нашите ресурси. Трето, состојбата кај вас, членките, е таква што тоа бара од нас 24-часовен ангажман, вели Азаски.

Тој информира дека за решавање на проблемите на компаниите на располагање секој ден им се претседавачот на Собранието Антони Пешев, потпретседателката Елисавета Георгева-Јовевска, главниот советник на Управниот одбор за економски прашања Зоран Јовановски и извршниот директор Биљана Пеева-Ѓуриќ.

Азески информира и дека со Владата е договорено да се назначат неколку лица од Владата, на кои комората и бизнисмените ќе можат да им се обраќаат деноноќно за информации поврзани со решавање на проблемите. Исто така, договорена е и реорганизација на владиниот центар за повици за подобар пристап до него од бизнисмените и работниците.

Тој додава дека преку Коморскиот инвестициски форум во Трст е испратено писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула ван дер Леен.

Имаме две барања што ги засегаат земјите од регионот, а тоа се ограничувањето на извозот на заштитна медицинска опрема од европските земји и обезбедувањето дозволи за пристап до зелените коридори на компаниите од Западен Балкан, затоа што ценам дека во моментов најголем проблем е транспортот, вели Азаски.

Азески информира дека за решавање на проблемот со задржувањето на македонските транспортери на турските граници испратил писмо и до Рифат Хисарчиоглу, претседател на Унијата на турските комори и стокови берзи.

Работевме и на регулирањето на дозволите за непречена работа на компаниите во трета и во четврта смена, информира Азески.

Тој додава дека Комората продолжува со уште појако темпо.

Тоа од нас го барате вие и кризата и, верувајте ми, ќе направам сѐ, покрај првичните неснаоѓања на апослутно невообичаената криза, Комората да профункционира најдобро, вели Азески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.