Директорот на Фондот за осигурување на депозити (ФОД), Борче Хаџиев, вели дека, според податоците обезбедени од Банката (со состојба на 10 јули, 2020 година), вкупниот износ на депозитите на физички лица кои ќе бидат обесштетени од страна на ФОД изнесува околу 4,4 милијарди денари.

Хаџиев, во интервју за МИА, вели дека од ФОД ќе бидат обесштетени депозитите на 99,4 проценти од физичките лица, коишто се депоненти во „Еуростандард банка“

Хаџиев уверува дека и по пропаѓањето на Еуростандард банка, депозитите на граѓаните се безбедни, а банкарскиот сектор е стабилен.

Сепак, како што посочува Хаџиев, депонентите-физички лица коишто имаат депозити повисоки од 30.000 евра, во рамки на обесштетувањето од страна на ФОД ќе добијат средства до 30.000 евра во денарска противвредност по лице.

Депозитите на граѓаните се безбедни, банкарскиот сектор е стабилен. Фондот е подготвен и е во одлична финансиска состојба, со што сме во можност да ги исплатиме сите депоненти – физички лица на „Еуростандард банка“ АД Скопје, по основ на вкупните депозити кои ги имаат во Банката во согласност со законските прописи. Според податоците обезбедени од Банката (со состојба на 10 јули, 2020 година), вкупниот износ на депозитите на физички лица кои ќе бидат обесштетени од страна на ФОД изнесува околу 4,4 милијарди денари. Од ФОД ќе бидат обесштетени депозитите на 99,4 проценти од физичките лица – депоненти во „Еуростандард банка“ АД Скопје – вели Хаџиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.