Менаџментот на „Фолксваген“ ги дисквалификува Србија и Македонија, а наскоро ќе одлучи дали ќе инвестира околу 2 милиони евра во Турција или Бугарија.

„Фолксваген“ ги именуваше Турција и Бугарија како финалисти за локацијата на новата фабрика за автомобили. На почетокот на годината геманскиот автомобилски гигант објави дека ќе произведува електрични возила во своите погони во Германија и ќе размисли за менување на производството на одредени модели со конвенционални мотори во фабрика која ќе биде основана некаде во Источна Европа.

Првично, листата на потенцијални домаќини на компанијата вклучуваше пет земји, но компанијата оттогаш го намали изборот до Турција и Бугарија.


 

Извор: Фактор

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.