Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека не размислуваат да предложат какво било релаксирање на сегашните мерки во делот кој се однесува на угостителските објекти.

Како што истакна Филипче, се наоѓаме во временски период кога можно е да има нови случаи на Ковид-19 заради зголемување на ризик факторите.

Ова време луѓето се повеќе во затврорена просторија, ова е време на сезонски грип, на настинки, така што не размислуваме да предложиме какво било релаксирање на сегашните мерки во делот кој се однесува на угостителските објекти – додаде Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.