Министерот за здравство Венко Филипче ја прикочува работата околу 13 милионскиот тендер за стерилизација, кој како што објави „Лидер“ во првите две продолженија од ова истражување, се местеше за компанијата на фамозниот Александар Јовановски-Жути, откриваат за порталот извори од министерството.

По вашите објави работите се ставија во мирување, па иако процесот требаше да почне во петокот, сè уште нема ништо, вели нивниот извор.

Како што веќе беше објавено, спецификациите на тендерот се местеа така за најмногу да одговараат на брендот „Steelco“, кoj e дел од групацијата „Miele“, која во Македонија е застапувана од семејството на Јовановски. Сега работите привремено се ставени во мирување и се бара нов модус како да се изведе оваа централизирана набавка која вреди над 13 милиони евра.

Повеќе на „Лидер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.