Порталот „Економски Лидер“  пишува за тендерите на семејството на Александар Јовановски – Жути кои ги доби откако „Лидер“ го откри скандлот „35 милиони наместен тендер за реагенси“.

Последен местен тендер за „кралот на реагенсите“, за кој „Лидер“ пишуваше минатата недела е оној за стерилизација.

Според извори на „Лидер“ од министерството за здравство, овој пат спецификациите ќе се „местат“ за италијански бренд.

Тендерот се „мести“ за брендот „Steelco“, кoj e дел од групацијата „Miele“, која во Македонија е застапувана од семејството на Јовановски, открива за „Лидер“ извор од министерството.

Според „Лидер“ во Централниот регистар стои дека овој бренд во Македонија е застапувам од двете компании на фамилијата Јовановски, „Био Медика“ и „Био Доместик“.

Според истражувањето на порталот, е утврдено дека има „местење“ на спецификации во корист на фирмите на Јовановски, кој за малку бил спречен да добие 35 милиони евра за реагенси преку тендер кој по многу параметри беше сомнителен.

Сега работите ќе одат преку производителот „Steelco“, како што пред само една година спецификациите се местеа за производителот „Abbot“.

извор: Економски лидер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.