Зголемувањето на минималната плата за 16 отсто што го најави Владата треба да се одмери уште еднаш, велат од Институтот Фајненс Тинк.

Предложеното зголемување на минималната плата на 14.500 денари може да претставува значаен товар за работодавецот кај 2/3 од примателите на минимална плата, додека кај 1/3 ќе помогне за формализација на платата во плико. Препорачуваме дека е потребно фокусирање врз продуктивноста на нископлатените работници и технолошкиот напредок во компаниите кои исплаќаат ниски плати – се вели во ставот на Институтот Фајненс Тинк по објавата дека минималната плата од декември ќе изнесува 14.500 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.