Еврото падна под симболичниот праг од 1,10 долари, драстично паѓајќи во однос на другите „валути за азил“ бидејќи инвеститорите бараа заштита од ефектите на руската инвазија на Украина, пренесе АФП.

Единствената европска валута загуби 0,81 отсто на 1,0977 долари – ниво без преседан од првите месеци од пандемијата Ковид-19 пред речиси две години.

За унца злато се тргуваше за 1.773,13 евра, што е историски максимум за благородниот метал.

Економијата на еврозоната е особено зависна од рускиот извоз и еврото ја губи вредноста, особено во однос на таканаречените заштитни валути.

Во однос на швајцарскиот франк еврото падна за 0,70 отсто на 1,0079 швајцарски франци. Двете европски валути не се на толку блиско ниво од јануари 2015 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.