Над 50 отсто од населението од Албанија биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, покажуваат податоците на Евростат за 2020 година.

Податоците на Евростат се однесуваат на земјите-членки на Европска Унија, Европската економска област и земјите од Западен Балкан, а според нив, Албанија е најзагрозена од сите држави земени предвид.

По Албанија со стапка од 51 процент и Црна Гора (околу 40 отсто), следат Турција (38) и Македонија (околу 35 проценти) како земји во најголем ризик од сиромаштија.

Според Евростат, просечниот ризик од сиромаштија и социјална исклученост, е 21,9 отсто, што се однесува на 96,5 милиони луѓе.

Под ризик од сиромаштија се подразбираат домаќинства кои се соочуваат со тешка материјална и социјална ранливост, не можат да си дозволат одредени материјални работи или социјални активности или имаат многу низок интензитет на работа, ниво на образование и друго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.