Еуростандард банка АД Скопје ја известува јавноста дека во текот на денешниот ден се пласирани лажни информации кои се однесуваат на функционалноста на редовното работење на банката а кои директно се на штета на самата банката и нејзините клиенти.

За ширење на вакви шпекулации најгрубо се користи деловната мрежа на Македонска Пошта како субјект со најразвиена бренд мрежа со што индиректно се обидува да се нанесе штета како на банката така и на целиот банкарски сектор, имајќи предвид дека преку Македонска Пошта се врши најголемиот дел од платниот промет во земјата.

Еуростандард банка најостро ги демантира овие невистини кои можат да имаат далекусежни последици кон банката и кон банкарскиот сектор како целина, информираат од Еуростандард банка.

За оваа појава Еуростандард банка веднаш ја извести НБРМ и очекува дека истата ќе постапи согласно своите надлежности.

Од Еуростандард банка потенцираат дека банката продолжува со своето редовно работење, заштедите на клиентите се безбедни, истите се осигурени во Фондот за осигурување на депозити, се почитуваат сите законски регулативи за финансиско известување и за управување со ризиците од работењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.