Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска се сратна со вработените од „Еурокомпозит“ и потсети дека едно од првите ветувања на Зоран Заев и неговиот економски цунами тим пред три години беше дека ќе најде решение за овие луѓе кои не земаат плата.

Три години потоа овие луѓе сведочат за лажните ветувања на Заев и ова е случај каде единствено блескаат лажните ветувања. Реалноста говори дека не се платени придонеси од околу 2 милиони евра, и плати од 1 милион евра. Вкупниот долг по разни основи на „Еурокомпозит“ е 5 милиони евра. Над 150 луѓе отидоа како технолошки вишок, а над 60 се преостанати кои не земаат плата. Ова е болната и грдата реалност на Зоран Заев и власта во заминување. Јас нема да ветувам чуда, нема да ветувам магични решенија со кои преку ноќ ќе им ги решам проблемите. Туку на овие луѓе можам да им ветам напорна работа на идната Влада и дека една од првите работи со која ќе се зафатам ќе биде како да им помогнеме на луѓето на кои им е потребна помош, рече Мицкоски по средбата.

Додаде дека „Еурокомпозит“ е голем срам на владата во заминување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.