АД ЕСМ за периодот од 7 до 13 ноември ќе изврши набавка на 16,8 гигават часови електрична енергија за кои денеска е завршена постапката. Просечната цена која се постигна на денешната аукција е 215 евра за мегават час со вклучување на сите маржи што значи дека за таа намена ќе се одвојат 3,615 милиони евра, информира генералниот директор на компанијата Васко Ковачевски.

Според планот за испорака на електрична енергија кон ЕВН хоум за ноември, предвидена беше набавка на 72.000 мегават часови (72 гигават часови), а за првата половина на ноември беше планирана количина од 36.000 мегават часови. Успеавме да постигнеме значително помала набавка и набавени се само 16.800 мегават часови, изјави Ковачевски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.