Цената на плинот енормно расте. На 1 јуни годинава, цената на плинот била 24 денари, а веќе на 20 овој месец, неговата цена достигна 39 денари. Ова е вистински ценовен шок за возачите кои имаат возила на плин, со оглед на тоа дека плинот никогаш не бил повеќе од половина евро, односно неговата цена секогаш се движела меѓу 20 и 30 денари, со стабилни осцилации надоле нагоре. Но последниот раст на цената на плинот која се доближи до 40 денари, е навистина невидено.

 

Како што е познато авто-плинот не е под Регулаторната Комисија за Енергетика.

Цената на ЛПГ горивото слободно ја формираат трговците и таа зависи од цената на суровата нафта на светскиот пазар, која што последните неколку месеци е во континуиран раст.

Во методологијата што е составен дел од Договорот за купопродажба на ОКТА не е предвидено РКЕ да ја определува цената на ЛПГ. Инаку, ЛПГ како прв продукт при производството на нафтата логично е да ја следи цената на нафтата на берзите. Претпоставувам дека и трговците кои работат со ЛПГ ја следат цената на нафтата и го користат овој период да дојде до зголемување на малопродажната цената иако и нивниот влезен импут е зголемен, бидејќи цената на нафтата е во пораст на светските берзи, информираат од Регулаторната Комисија за Енергетика.

Увозниците тврдат дека потрошувачката на плин е најголема кога почнува да заладува, бидејќи возилата во зимскиот период трошат многу повеќе, па затоа и цената се крева. Тоа практично значи дека тие добиваат екстра заработувачка и тоа врз грбот на возачите.

Зголемувањето на цената на авто гасот сериозно влијае врз буџетот на граѓаните. Ова поскапување се надградува на сите останати поскапувања, што само дополнително го истенчува и онака нискиот животен стандард на луѓето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.