Eлектрани на Македонија реагира на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ дека пред  распуштањето на парламентот и формалното започнување на предизборниот период се распишува оглас за 200 од 600 предвидени вработувања.

Оттаму велат дека бараат бравари, инженери, ракувачи на машини во термоелектрани, електро и машински монтери и други стручни лица потребни во производниот процес на компанијата. Огласите се отворени за сите граѓани кои ја имаат соодветната стручна подготовка.

Вработувањата во АД ЕСМ се спроведуваат според редовниот план и се спроведуваат по неколку основи: пензионирање на работници, зголемен обем на работа, подобрување на технолошко-производниот процес, воведување на нови капацитети, како што е когенеративната електрана КОГЕЛ во рамките на подружница Енергетика-Скопје, потоа почнување на изградба на нови капацитети, како што е фотоволтаичната електрана во Осломеј итн.

Исто така, АД ЕСМ се соочува со неповолна старосна структура на вработените, односно просечната возраст изнесува 58 години, кој факт го обврзува секое одговорно раководство да преземе мерки за одржлив кадровски систем, кој има ефекти на долг рок.

АД ЕСМ вработува и сега, и ќе продолжи да вработува во согласност со потребите за производство на електрична енергија, ископ на јаглен и развој на најголемата и стратегиски најважна компанија во сопственост на државата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.