Пазарот на електрична енергија е либерализиран за сите потрошувачи, вклучувајќи ги и домаќинствата. Секој потрошувач има право да се снабдува и на слободниот пазар на електрична енергија по цени кои не се предмет на одобрување од Регулаторната комисија за енергетика. Доколку домаќинствата купуваат електрична енергија на слободниот пазар набавната цена со вклучени трошоци за балансирање и обновливи извори изнесува 3,65 ден/kWh, додека цената по која ЕСМ ги снабдува домаќинствата на регулираниот пазар изнесува 2,33 ден/kWh, односно цената на ЕСМ е пониска за 55 отсто од цената на слободниот пазар, соопшти денеска од АД Електрани на  Македонија.

Како што појаснуваат од АД ЕСМ, кога на набавна цена од слободниот пазар ќе се додаде мрежарината која изнесува 1,99 ден/kWh, како и трошокот за операторот на пазарот кој изнесува 0,0081 ден/kWh, крајната цена за домаќинствата на слободниот пазар за домаќинствата изнесува 5,65 ден/kWh.

Цената за домаќинствата со последната одлука од Регулаторната комисија за енергетика изнесува 4,49 ден/kWh, односно е пониска за 26 отсто отколку цената на слободниот пазар.

Концептот што е имплементиран во Законот за енергетика обезбедува заштита на домаќинствата од повисоките цени на слободниот пазар.

АД ЕСМ напоменува и дека сите инвестиции, вклучувајќи ја изградбата и на обновливите извори на енергија, компанијата ги финасира од сопствени средства кои ги обезбедува со своето работење, како и од поволни линии од светските финансиски институции, кои потоа редовно ги сервисира

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.