Назми Хани, синот на заменик-генералниот секретар на Владата, Тахир Хани, се вдоми во ЕЛЕМ како референт во Подружница Треска. Веста за „Алсат“ ја потврдија денеска лично Тахир Хани, но и од фирмата.

ЕЛЕМ стана работно место и за шурнајката на министерот Кресник Бектеши, Нертила Усеини Каба. Таа му е жена на братот на сопругата на министерот.

Државната енергетска компанија е најжестоко критикувана, но и рекордер по вработувања на луѓе блиски до власта.

За нови случаи за непотизам обвинува и опозицијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.