Долго најавуваниот четврт пакет за мерки кој вчера го објави премиерот Зоран Заев, претставува гол популизам. Имено, од мерките што се објавени може да се увиди дека ниту овој пакет нема да се реализира како што најавува владата, ако се земе во предвид дека од третиот пакет на мерки се реализирани само 13 проценти.

Четвртиот сет на антикризни мерки беше најавуван во предизборниот период, имено Оливер Спасовски од позиција на технички премиер во изборната кампања најави економска поддршка и за нови категории на граѓани како дел од поддршката за справување со последиците на економски план, од здравствената ситуација.

Најавувам четврт сет на мерки и сите пензионери кои примаат пензија до 15.000 денари и неактивните баратели на работа, што се пријавиле на шест месеци, ќе добијат исто така домашна платена картичка – посочи Спасовски во интервју за ТВ Шутел.

За овие мерки обвинија и од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму обвинија за мерката викенд без ДДВ. Тие потсетија дека Заев прво најавуваше дека од септември секој викенд ќе се користи купувајќи, а при тоа ќе биде одземена сумата која што ќе ја платат како данок на додадена вредност. Практично, тие излажаа затоа што ветуваа дека таквите викенди ќе бидат без ограничувања, или дека ќе важат за сите производи. Сега излезе дека тоа ќе важи само за викендот од 10 до 12 октомври и ќе биде со ограничување до 30.000 денари и за македонски производи.

За четвртиот сет на мерки реагираше и Гордана Димитриевска – Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ која порача дека е потребно мерки за спас на економијата, а не гол популизам. Таа како пример ги посочи мерките за пензионерите.

Вчера видовме дека пензионерите со пензија до 15.000 денари ќе добијат картички во вредност од 9.000 денари еднократно. Откако пред три години го изменија законот за исплата на пензии и им скратија дел од нивната пензија која законски им следуваше и откако ја зголемија електричната енергија сега им предвидуваат мерка помош. Им помагаат на оние од кои повеќе зедоа отколку што ќе им дадат – запраша таа.

Сето ова води до тоа дека четвртиот сет на мерки не нуди решенија за граѓаните и подигање на животниот стандард на граѓаните. Додека на едни им се нуди краткорочни мерки, другите воопшто и не се споменати. На пример овој пат на културните работници им се даваат трошки.

Влада на Зоран Заев културните работници како што таа самата вели ги направи социјални случаи, па ги стави го групата на социјално ранливи категории и со срамни 6.000 денари еднократна помош се обидува да го надомести сето она кое што се случуваше во изминатиов период, пред се мислам на неисплатените плати во културата за културните работници кои што доцнат повеќе од два месеци – обвини лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.