Премиерот во заминување Зоран Заев најави дека ова ќе биде економска година. Крајот на годината покажува дека негативните перформанси растат.

Државниот завод за статистика објави пад на број на вработени во индустријата во октомври месец за 2,6 проценти споредено со истиот месец од лани. Ако го гледаме периодот од јануари заклучно со октомври 2019 година, и ако го споредиме со истиот период од 2018-та година ќе видиме дека имаме за 1,4 проценти помалку вработени во индустријата.

Странските директни инвестиции што ги објави Народната банка се отприлика во почетокот на годината заклучно со третиот квартал на ниво на 113 милиони евра или некаде околу 186 милиони за истиот период минатата година беа 299 милиони евра, значи за 186 милиони евра помалку од истиот период минатата година.

Дури и во 2016 година, што е година на политичка криза имаме повеќе во првите три квартали инвестиции од оваа година која што требаше да биде година на  економски бум.

Германски Фолсваген ја заобиколи државава иако премиерот на почетокот на годината кажа дека до крајот на мај ќе влезе на нашиот пазар. Ги нема ниту ФБ и Гоогле кои ги најави Заев. Земјава станува нетрактивна за инвестирање, а аналитичарите велат тоа не е само последица на неодржливите економски политики туку и поради степенот на криминал и нерешена корупција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.