Повеќе од јасно е дека владата на СДСМ не знае и не умее да се справи со корона вирусот, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека за тоа покажуваат и самите податоци.

„Мерките“ со кои се фали владата на СДСМ не придонесуват за доброрто на економијата. Единствено нешто што прави СДСМ во моментот е што ги троши државните пари за избори и наместо да му помогнат на стопанството, тие гледаат да си ја спасат фотелјата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поради тоа што СДСМ не нуди ништо за стопанството, велат од ВМРО-ДПМНЕ, голем број на фирми се оставаат на цедило и можно е да дојде до нивно затварање.

Над половина од 33.000 работници во угостителството се времено без работа, голем број на фирми работат со намален обем, а илјадници граѓани се со намалени приходи.
Потребна е итна стратегија за излез од кризата. Но, со СДСМ тоа не е можно.
ВМРО-ДПМНЕ има стратегија за обнова на Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија, се вели во партиското соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.