Тутунот е единствената егзистенција на тутунарите од Општина Долнени, ако не ни го откупат целиот произведен тутун, регионот ќе падне на колена, во тешка финансиска криза и без средства да ја започне новата реколта. Ова е апелот на Еџевит Ајдароски, 45 годишен искусен тутунар од село Дебреште, Општина Долнени до откупувачите. Ајдароски, член на Иницијативниот одбор на „Тутунари од Македонија“, исто како и другите тутунари во државата ја дели заедничката мака поради лошата откупна политика и катастрофално ниските откупни цени. Во Дебреште има околу 800 куќи со над 4 илјади жители кои работат и живеат од тутунот, објави Зеленаберза.

Тутунарите од Долненско се подготвуваат за новата реколта, ама како што вели Еџевит за жал обработката на земјиштето за тутун ќе се намали за половина, што значи од 3 на хектар и половина под тутун. Другите површини ќе ги засади со други земјоделски култури.

Ќе бараме друго чаре да работиме, зошто со тутунот не ќе можеме да ги покриеме основните потреби за новата реколта. Ако и следната година бидат овие проценки, многу од нас ќе се откажеме од тутунот – вели Еџевит.

Повеќе на Зеленаберза

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.