Жителите од село Страчинци од скопската општина Гази Баба се револтирани затоа што државата не им ја плаќа земјоделската штета која беше предизвикана во мај минатата година по врнежите од дожд и град, објави телевизија „Алсат“.

Многумина од жителите се жалат дека насадиле со позајмици кои веќе една година не можат да ги подмират.

Ни вети Заев, сите му дадовме гласови со надеж дека ќе ни даде нешто, а тој нè предаде… Имав посадено сè. Сто отсто штета, тутун, јагоди, лубеница, пченка. Сто отсто ми ја уништи пченката, дојдоа на полето и видоа, рекоа – ќе ви дадеме пари, ниту ни платија, ниту ништо, нè предадоа, рече Џемал Џемали, жител на с. Страчинце.

Целата вест прочитајте ја на АЛСАТ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.