Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4 Александар Николоски денеска на средба пред граѓаните на Кавадарци Николоски, во Кавадарци зборуваше за маките на земјоделците и за криминалот и корупцијата. За маките народни, слушаме одредени големци и олигарси кои што ни ја искрадоа државата во 90-тите години си ги добија фабриките на тацна станаа милионери ама не станаа милионери затоа што мобилен телефон измислија или компјутер, или некоја ракета, туку за тоа што покрадоа. И сега истите тие оваа година сакале грозјето  за 6, 7 денари. Да им порачам од овде да внимаваат што прават со ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат работа после 15 јули, вели Николоски.

Николоски посочи посочи дека секој што се огрешил пред законот после 15 јули ќе мора да одговара, додавајќи дека не е само директорот на Тутунскиот комбинат кој зема енормно висока плата, туку откри дека и директорот на ТЕЦ Неготино и бордот на директори земале високи плати, укажувајќи такви бандити и криминалци Зоран Заев става на функции.

Околу криминалот и корупцијата, каде и да отидете секаде бандити. Еве две работи сакам да споделам со вас. Бев претходно во Неготино и кажуваат луѓето ТЕЦ Неготино кога работи кога не работи, главно не работи. Си се собрале таму директори си се ставиле си поделиле плата каква што вие не можете да сонувате. Јас мислев дека само во Прилеп е така, таму на пример директорот на Тутунскиот комбинат прима ако не сте знаеле 3.500 евра нето месечна плата, односно 5.500 евра бруто месечна плата. Значи зема 5.500 евра месечна плата, само за споредба цело семејство во Прилеп кое што сади тутун за една година заработува од 5.000 до 7.000 евра. За една година цело семејство, а овој сам за еден месец 5.500 евра. Ама такви херои имало и тука во Неготино и ќе ги кажам по име, затоа што мене тој ми е стилот, директорот на ТЕЦ Неготино зема верувале или не 100.000 денари нето плата, 150.000 денари бруто плата, преведено 2.500 евра плата, името на тој директор е Небојша Стојановиќ и веројатно никој не го знае и никој не го видел, ама мангупот зема 2.500 евра плата.

Па тие пајташите околу него, зошто нели треба да има борд да директори, земаат некаде околу две до 2.300 евра плата, еве да ги кажам нивните имиња. Игор Бојаџиев, Јане Стојменов, Никола Ангеловски, Билјана Митева. Сите овие си земаат по 2.000 до 2.300 евра бруто плата. Такви бандити и криминалци Зоран Заев става на функција, да ги поздравам од овде и сите ќе одговараат од прв до последен после 15 јули за да не ја цицаат маката на луѓето, да има одговорност и во Неготино, и тука во Кавадарци, порача Николоски.

Николоски побара масовна поддршка од кавадарчани за убедлива победа и во Кавадарци, и во цела четврта изборна единица и на ниво на Македонија за заеднички да ја градат Македонија.

Да победиме убедливо во четворката, да излеземе масовно во Кавадарци и да победиме во четвртата изборна единица со 12, 8 и да имаме преку 60 пратеници на ниво на Македонија, и заеднички да ја градиме Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.