Охриѓани и гостите доколку сакаат да се паркираат на потегот од поштата до кружниот тек на градскиот плоштад ќе плаќаат двојно поскапо од досега.

По предлог на градоначалникот Константин Георгиески и ЈП „Билјанини извори“, советниците на седницата закажана за понеделник ќе одлучуваат по точката цената на паркинот од поштата до кружниот тек на плоштадот да се зголеми на 100 денари за еден час.

Имајќи во предвид дека мнозинството во советот го има СДСМ и коалицијата повеќе од јасно е дека оваа одлука ќе биде донесена.

Изовр: ОХРИД 24

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.